1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доаѓа Обама - купете си пиштоли!

„Каубоецот“ си оди, доаѓа елоквентниот дипломат. На 20 јануари се` уште актуелниот американски претседател Буш ќе му ја предаде должноста на Барак Обама, првиот црн американски претседател.

default

Барак Обама не го очекуваат сите подеднакво одушевено

Oд Барак Обама светот очекува се` да промени на подобро.Но, една не толку безначајна група во Америка го очекува токму спротивното - американските производители на оружје.

Тоа е единствената бранша во Америка која, неколку дена пред Обама и официјално да стапи на должност, доживува застрашувачки бум. Производителите на оружје во Америка едвај постигнуваат - залихите од ловечко и рачно огнено оружје, според информациите на Американскиот стрелачки сојуз, се целосно распродадени. Анкетите меѓу сопствениците на оружје во Америка покажуваат дека многу конзервативни Американци стравуваат дека со Барак Обама и мнозинството демократи во Конгресот, продажбата на оружје во иднина ќе се контролира многу построго.

USA Verfassung Recht auf Waffe

Американците засилено купуваат оружје

Поголема контрола врз оружјето

Победникот Обама често нагласуваше дека двете визии мора да се соединат - од една страна е уставното право на секој граѓанин да поседува оружје, што претставува дел од американскиот идентитет како нација. Од друга страна, мора да има подобра контрола на продажбата и поседувањето оружје, со што би се спречило секоја година десет илјади Американци да бидат жртви на огненото оружје, меѓу нив и многу тинејџери.

Мора да бидеме сигурни дека во иднина оружјето нема веќе нелегално да се продава во проблематичните населби во градовите, нагласуваше Обама во текот на предизборната кампања. Но, тој вети дека како претседател нема да се залага за конфискување на легално купеното оружје. Сепак, многу сопственици на оружје, посебно во западна Америка, стравуваат дека Обама е голем противник на оружјето и дека за време на предизборната кампања, од тактички причини, го криел неговиот вистински став по ова прашање.

Waffen Messe in den USA

Саем на оружје во САД

Кампања пред изборите

„Одбранете ја слободата, победете го Обама“ - гласеше пораката на моќното американско лоби на љубителите на оружје, пред изборите на четврти ноември. Не требаше долго за оваа кампања да почне да дејствува. Барак Обама не е особено страстен љубител на оружјето и стрелачките спортови. Од оваа причина Американците ги испразнија рафтовите во продавниците за оружје.

Еден муштерија си купи дури два пиштола, изјави еден продавач на оружје од Вајоминг за националното радио. Други, пак, се опремуваат со муниција, како на повидок да стои граѓанска војна.

Многумина продавачи и сопственици на оружје стравуваат дека Барак Обама, слично како и поранешниот претседател Бил Клинтон, ќе се обиде да ја забрани продажбата на автоматското оружје и дека построго ќе ги контролира т.н. „ган шоус“, еден вид пазари каде луѓето без никаква контрола ги препродаваат своите арсенали. Во легалните продавници за оружје, пак, муштериите мораат да почекаат одредено време, додека ФБИ проверува дали потенцијалниот муштерија во минатото имал проблеми со законот.