1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Длабоко разочарување

Спорот околу атомската програма со Иран се враќа во Советот за безбедност. На ова се спогодија министрите за надворешни работи на петте постојани земји членки на Советот за безебднсот и Германија на вчерашната средба во Париз.

default

Средбата на министрите за надвортешни работи траеше подолго од планираното. Шеф дипломатот на ЕУ Хавиер Солана ги информираше своите колеги за последниот разговор со иранскиот преговарач Али Лариџани. Претставниците на петте земји со право на вето во Советот за Безбедност и Германија изразија разочарување од реакцијата на Иран. Францускиот министер за надворешни работи Дуст Блази „Иранците не покажаа апсолутно никакви знаци дека се подготовени за сериозни разговори околу нашата понуда.“

Понудата од една страна содржи економски и политички потстрек но од друга закани. Бидејќи Иран не реагираше во дадениот рок, на групата не и останува друг избор освен да го врати случајот на Советот за Безбедност, појасни и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. Наредните денови треба да почне изработка на резолуција. Барањето до Техеран да го стопира збогатувањето ураниум треба да стане правна обврска, тоа впрочем го бара и Меѓународната агенција за атомска енергија. „Доколу Иран во одредено време не покаже подготвеност, повторно ќе се сретнеме за да разговараме за натамошни мерки и во даден случај и за санкции.“

Штајнамер нагласи и дека вратата за преговори сеуште не е конечно затворена, но понудата станува се помалку актуелна

„Се уште се надеваме дека во водството на Иран има сили кои ќе го разберат овој сигнал и ќе подготват враќање на преговарачка маса.“

Според министерот оваа одлука за Иран ја подржаа и Русија и Кина.