1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ди Карло:“Македонија да биде најподготвен кандидат за НАТО“

Како што наближува самитот на НАТО во Рига, така се интензивираат дипломатските пораки кон владата во Скопје. Дел од нив гласат: во борбата со корупцијата сакаме да ги видиме крупните риби, а власта и опозицијата ќе мора да остварат дијалог во стабилизирањето на меѓуетничките и религиозните слободи, но и политичката стабилност. По серијалот медиумски пораки во Скопје од амбасадорите на Британија и САД за в

default

реме на викендот, во Македонија денеска е Розмари Ди Карло, висок функционер на Стејт Департментот. Таа ќе ја скенира сосотојбата во Македонија низ серијалот разговори, вклучувајќи го и невладиниот сектор.

Розмари Ди Карло е втор висок американски медијатор, кој се обидува да ги смири политичко-воинствените меѓусебни обвинувања и пораки на ДУИ и ДПА, со тенденција за влошување на состојабата кај албанскиот електорат. САД ќе ја поддржат Македонија на патот кон НАТО и ЕУ, рече шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. На ваквата констатација, Розмари Ди Карло рече: “Сакаме Македонија да ја направиме најсилниот и најподготвен кандидат за членство во НАТО“.

Ди Карло, како политички приоритети не пропушти да ги посочи битката со организираниот криминал и корупцијата. Нејзе ја дочека македонскиот став дека во Јадранската тројка ќе се соработува околу НАТО – аспирациите. По повлекувањето на амбасадорот Јордановски, македонската влада деновиве ќе соопшти кој ќе биде новиот македонски претставник во Вашингтон, рече во неформалните разговори со новинарите, шефот на македонската дипломатија, Милошоски. Од говорницата тој уште соопшти дека Македонија ќе го поддржува Марти Ахтисари и дијалогот за Косово, со потајна желба дека истовремено ќе се реши и прашањето на демаркацијата: “Се согласуваме околу тоа дека решавањето на статусот на Косово треба да биде на начин кој ќе придонесе уште повеќе за зацврстување на стабилноста во регионот“, изјави Милошоски.