1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дијаспората незаинтересирана за гласање?!

Само 4.772 Македонци од светот се пријавиле да гласаат на јунските избори. Една од причините за малиот одзив во Германија - 288 пријави, е што Македонците се’ почесто земаат германско државјанство.

default

Тивок ќе биде гласот на македонската дијаспора од светот на првото нејзино изјаснување, кое многумина го квалификуваат како - историско! Зашто за гласањето се пријавиле само 4.771 лице. И тоа: 2.901 во изборната единица „седум“ – Европа и Африка, 1.106 во „осумката“ од Северна и Јужна Америка и 764 во „деветката“ – Азија и Австралија. Ако се гледаат бројките, најгласни ќе бидат Македонците од Венеција - 681 лице се пријавило за гласање, што е рекорд и по кој следува Мелбурн, со 559 пријави. По оваа логика, безмалку занемени, ќе бидат 288-те македонски државјани од Германија кои се пријавиле во дипломатско-конзуларните претставништва и електронски директно до ДИК.

Мал број двојни пријави

„Во Берлин се примени 124 пријави, во Минхен 96 и 68 во Бон“, изјави за Дојче Веле Добре Јанчев, државен советник во ДИК, кој дополнува дека има

Die Mazedonische Botschaft in Berlin Deutschland

На 4 јуни во Берлин се пријавија да гласаат 124 Македонци од престолнината и околината

информации за мал број двојно испратени пријави кои дополнително ќе се проверат. Бидејќи е прво гласање на дијаспортата, луѓето сакале да бидат сигурни дека нивната пријава навистина ќе стаса, па ја испраќале и по електронски пат, а и директно ја доставувале во дипломатско-конзуларните претставништва. Според Јанчев, вакви случаи има, но нивниот број е мал.

Во македонската амбасада во Берлин не сакаа да ја коментираат незаинтересираноста на дијаспората. Велат, тие биле одговорни само за логистиката. Ги информирале клубовите, црковните и џамиските општини. Дале на располагање простории и персонал за прием на пријавите. Анализите и бројките, како што се вели, се работа на ДИК.

Македонците „погерманчени“

Законски е така, но факт е и дека дипломатските претставништва во Германија немаат евиденција за бројот на Македонците кои живеат во Германија, со или без пасош, гастарбајтери, тука родени или доселени. А, одзивот е мал, можеби и заради тоа што бројот на Македонци од година во година е се’ помал:

BdT Italien historische Regatta in Venedig

Најбројната македонска дијаспора - во Венеција!

„Во Германија проблем е што голем дел од втората генерација имаат германско државјанство. Германија не дозволува двојно државјанство и 90, да не кажам 100 проценти од втората генерација Македонци имаат германско државјанство и немаат право да гласаат“, вели Васе Шопов, кој заедно со уште триесетина Македонци организирано од Хамбург ќе дојде на 4 јуни во Берлин да гласаат.

Павле Кузмановски, пак, кој повеќе децении живее во Германија и заради работата уште од поодамна го има германскиот пасош, смета дека не е ништо лошо и Македонците со странски пасош да можат да „учествуваат на гласања за работи кои се важни за Републиката“.

Што се однесува до информираноста околу гласањето, тоа не било спорно за младите кои се главно на интернет, но бил проблем за старите кои не знаеле како, каде, дали и за кого треба да гласаат. Гласањето со писмо би било вистинското решение, сметаат многумина - како поради едноставноста на постапката, така и за одбегнување на трошоците околу патувањато до гласачките места.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска