1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дијаспората излезе на гласање

До 13 часот во Европа на гласање излегле меѓу 25 и 50 отсто од пријавените македонски државјани. Со оглед на временските разлики, во Австралија гласањето е завршено, додека во САД и Канада се` уште не е почнато.

default

Од гласањето во Берлин

Во двете избирачки места во Австралија, Камбера и Мелбурн, гласањето е завршено и својот глас го дале околу 70 отсто од македонското население со право на глас.

Тоа се резултатите што ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК) за денешното гласање, каде своето право го исполнуваат болните и изнемоштените, лицата во притвор или на издржување казна затвор, внатрешнораселените лица, како и македонските државјани во дијаспората.

„Гласањето во Изборната единица 7 е почнато и уште е во тек. Просечниот одзив според нашите податоци пристигнати до 13 часот изнесува меѓу 25 и 50 отсто од запишаните гласачи во секое избирачко место во таа изборна единица, а тоа се 28 избирачки места од вкупно 36“, рече Борис Кондарко, претседателот на ДИК.

Автор: ТТ/ЕМФ/макфакс

Редактор: Трајче Тосев