1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дијалог со разлики

Лидерите на највлијателните парламентарни партии во Македонија го продолжија дијалогот. Средбата овојпат се случи во парламентот. Во дијалогот и натаму има спорни теми.

default

Политичкиот дијалог власт – опозиција добива интензитет. Синоќешната средба Груевски-Џафери-Ахмети-Шеќеринска со конкретни теми важни за премиерот: уставните промени. СДСМ се согласува со уставна обврска да се завршува задолжително средно образование. За Али Ахмети и неговата Демократска унија за интеграција, нема согласност за промена на уставот ако не се институционализира процедурата со која владата ќе се избира во парламентот со Бадентерово мнозинство, односно согласност од пратениците Албанци. Радмила Шеќеринска (СДСМ) е против ограничување на пратеничките настапи до пет минути, како што е предложено во новиот деловник и бара консензус за негова промена, според германски модел.

Опозициската партија кај албанскиот електорат – ДУИ, исто така бара промена на Комитетот за етнички прашања, кој е сито за примена на Бадентеровото правило. Реакциите на премиерот Никола Груевски, на Теута Арифи (ДУИ) и на Мендух Тачи од ДПА се поделени:

“Не можеме да најдеме друго решение. Ако го нарушиме тој принцип, тогаш доаѓа до нарушување на формулата“, рече Груевски.

Според Арифи “со самиот факт дека таа тема останува во агендата и дека за таа тема ќе се разговара, прашањето очигледно не е затворено“.

Тачи,пак, вели: “Ако се сака преку мала врата, значи преку Комитетот да се суспендираат државните институции и државните органи, парламентот и владата, мислам дека тоа не е океј.“

Разликите околу ингеренциите на парламентарниот Етнички комитет и примената на Бадентеровото правило остануваат. Лидерите и синоќа се собраа на разговор со модераторство на амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија. Груевски и Шеќеринска иницирале идни средби без нивно учество. Ахмети, пак, оценил дека без странците и нивното влијание во Македонија не може да се постигне политички консензус.