1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дијалог меѓу Албанците и соработка во регионот

Почнува да функционира новата политичка партија во Македонија, Нова демократија на поранешниот министер за здравство Имер Селмани. Цели на партијата, дијалог, соработка во регионот, што поскор прием во НАТО и ЕУ.

default

Нова партија во македонскиот парламент

Имер Селмани, поранешниот министер за здравство од ДПА и еден од основачите на синоќа промовираната партија Нова демократија, денеска (16.09.2008) го известил претседателот на Собраниието дека ќе настапува и ќе ја промовира програмата на новата партија. Заедно со него се и поранешниот министер за образование Сулејман Рушити и пратеникот Џебедин Зумбери.

Партијата, според Селмани, ќе води „инкклузивна политика“, што ќе води до дијалог меѓу Албанците и меѓу заедниците во Македонија.

Заложба на новата партија: Македонија да биде пријатно место за живеење, да постои добрососедство, соработка во регионот, и што поскор прием во НАТО и ЕУ.