1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дијалог во полн состав

Лидерите на најголемите партии од власта и опозицијата во Македонија конечно седнаа на иста маса

Премиерот Никола Груевски е задоволен што започна дијалогот меѓу четворицата лидери од власта и опозицијата.Чекникот на ДУИ Али Ахмети ги отворил деликатните теми:кои закони треба да се гласаат според Бадинтеровото мнозинство,со согласност на албанското доминантно малцинство во Македонија.Четворицата партиски шефови ќе се сретнат по две недели,Џафери до ДПА и Ахмети одф ДУИ ќе мора да разговараат и за затегнатите албанско албански состојби во Македонија.По таквиот резултат од лидерската средба амбасадорите на ЕУ и на САД во Скопје,Ерван Фуере и Џилиен Миловановиќ добија сатисфакција-со трпеливи дипломатски маневри да се одвива соработка на власта и опозицијата во Македонија.Отсуството на дијалог меѓу партиите го критикуваат и во Брисел.

-Разговаравме за повеќе закони за кои е потребно,но и за некои за кои не е потребно двотретинско мнозинство,исто така разговаравме и за имплементирање на законите и за запазување на процедурите кога се живее и работи во државата,независно кој е на власт а кој во опозиција.Разговаравме за сите прашања кои се важни и на некој начин ќе треба да бидат доближени ставовите на политичките партии пред нивното влегување во парламентот,доколку некои од нив влезат во парламентот,дијалогот започна,изјави премиерот Никола Груевски,придржувајќи се на договорот,да не се откриваат детали.

Партиските брифери информираат дека Ахмети веќе не го спорел легитимитетот на владата,но побарал и таа да се избира со мнозинство на пратениците на малцинствата во македонското собрание.

Опозициската СДСМ со својата агенда-кога ќе се изберат судските органи и државниот обвинител,дали ќе има уставни промени,повеќе да се почитува собраниската процедура:

-Дадовме и даваме поддршка на оние закони кои ќе значат враќање на европската и евроатланската агенда на дневен ред во Македонија,изјави лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска.

-Апсолутно имаше една многу добра конструктивна атмосфера зашто сите политички теми кои беа не поставени не само од ДУИ,туку и од другите политички партии,беа теми прифатливи за разговор,рече потпретседателот на ДУИ Теута Арифи.Каков ефект ќе има овој прв состанок ќе се види денеска на пладне,дали на отворањето на споменикот на Скендер бег во Скопје ќе дојдат Груевски и Џафери,зашто иницијативата за спомен обележјето е на ДУИ.