1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дијалогот нема алтернатива

Дијалогот е најдобар начин да се смират страстите и да се разрешат причините и конфликтите, рече денеска во Охрид претседателот на Македонија Бранко Црвенковски на Конференцијата Денови на пријателството

default

Охрид, домаќин на манифестацијата

На Балкан отворањето дијалог за различни прашања стана манир, како најдобар начин да се смират страстите и да се разрешат причините и нејасните извори на конфликтите, рече денеска во Охрид претседателот на Македонија Бранко Црвенковски на Конференцијата по повод манифестацијата Денови на пријателството чиј организатор е токму тој. Главна тема меѓу претставниците на невладиниот сектор, експертите и учениците беше мултикултурниот дијалог.