1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дијалогот меѓу религиите и народите основа за иднината

Денеска во Охрид во тек е вториот ден Светската меѓурелигиска конференција. Главен акцент при дебатата беше ставен на образованието и на придонесот на различните култури и религии за иднината на светот.

default

Црквата Свети Наум во Охрид

Почитта на другиот како еднаков парнер на себе е нешто што не се постигнува лесно, но и ова охридска меѓуверска конференција која го става дијалогот на пиедестал, потврдува дека луѓето не треба да губат надеж.

Една од алатките за да се вклучи целото општество и да се интегрира е да се разберат различните култури, однесувања и традициите во земјите, рекоа најголем дел од учеснцните за Дојче Веле.