1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дијалогот Кина- САД оптоварен од случајот Гвангченг

Кина и САД во Пекинг почнаа нова рунда на дијалог за стратегиска и економска ориентација. Дијалогот се одвива во сенка на спорот околу кинескиот борец за граѓански права Чен Гвангченг.

Чен Гвангченг шест денови престојуваше во американската амбасада, која ја напушти вчера под неразјаснети околности. Во моментов тој се наоѓа во една клиника во Пекинг, каде е на медицински третман. Оттаму тој бара да ја напушти земјата заедно со неговото семејство.

„Сакам да отпатувам колку што е можно побрзо, каде било. Воопшто не се чувствувам сигурен“, изјави во телевизиско интервју. Тој го сменил мислењето. Првично сакаше да остане во Кина, но тоа повеќе не е случај.

Chen Guangcheng mit Familie

Гвангченг сака да ја напушти Киа

Чен во едно друго интервју пак изјави дека бил разочаран од САД и се чувствува оставен на цедило. Американскиот амбасадор во Кина го негираше тврдењето дека Чен принудно го напуштил објектот на амбасадата.

Овој спор во Кина не беше директно наведен на отворањето на кинеско-американските разговори. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон меѓутоа опомена на заштита на човековите права во Кина.

„Убедени сме, дека сите влади мора да ги исполнат тежнеењата на своите граѓани за достоинство и правна држава. Нема влада која може да се изземе и не ги почитува овие права“.

Кинескиот претседател Ху Џинтао на почетокот на годинешнава рунда разговори изјави дека Кина и САД мора меѓусебно да се почитуваат, иако имаат различни мислења. „За да се изградат еден вид односи меѓу САД и Кина потребна ни е доверба. Постои доволно место на нашата планета за развојот на Кина, на САД и на другите земји“.

Меѓутоа, зад кулиси веројатно и натаму ќе се преговара за судбината на Чен Гвангченг и неговото семејство. Кина бара извинување од САД поради тоа што Чен беше примен во американската амбасада. Засега е меѓутоа неизвесно каква ќе биде иднината на борецот за граѓански права, сопругата и двете деца.