1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дисциплински казни за војниците кои го палеа Куранот

Американските војници кои палеа примероци на Куранот во Авганистан се соочуваат со дисциплински санкции. Благи казни и за војниците кои уринираа врз телата на мртви талибанци

Шест американски војници се прогласени за виновни за палење на примероци на Куранот и други религиозни книги во Авганистан и ќе добијат дисциплински казни, но не се соочуваат со кривичен прогон, соопшти американската армија. Палењето на примероците на Куранот во февруари годинава, предизвика жестоки протести и судири во Авганистан во кои загинаа најмалку 30 луѓе, меѓу нив и двајца американски војници.

Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи бараше јавно судење на одговорните за палењето на книгите. Од неговата канцеларија се уште нема реакција на пресудата.

Казната со која ќе се соочат американските војници најверојатно ќе се сведе на намалување на чинот, дополнителни обврски или намалување на платата.

Истрагата на американската армија за случајот покажала дека кај војниците не постоела намера да се омаловажи Исламот. Со слични дисциплински мерки беа казнети и тројца американски војници кои се снимале со видео камера додека уринирале врз телата на мртви Талибанци.