Директорот на косовски Телеком преживеа атентат | Вести | DW | 13.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Директорот на косовски Телеком преживеа атентат

Директорот на косовскиот Телеком преживеа и втор обид за атентат врз него. Автомобилот на Антон Бериша вчера бил нападнат со рачен минофрлач, а во инцидентот е повреден полицаец од неговата придружба. Обезбедувањето на Бериша беше засилено по 28 фебруари кога неколку лица отворија оган врз неговото возило на патот од Приштина кон Пеќ.