1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Директни контакти за побрзо решение на спорот со името?

Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски во Брисел имаше средба со европарламентарците. Тој порача дека Македонија е подготвена за директни контакти со Грција за решавање на спорот за името.

default

Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на РМ

Да се зголеми меѓусебната доверба и што подиректно да се вклучат Грција и Македонија во преговорите за името - ова е пораката која македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски вчера (10.11.2009) им ја пренесе на членовите на Европскиот парламент во Брисел.

За Дојче Веле тој ја дообјаснува изјавата за хрватско-словенечкиот модел, кој според него значи пред се‘ директен контакт меѓу двете страни и зголемено европско внимание:

„Во принцип, подразбирам вклучување на политичката волја од двете страни и од грчка и од македонска и желба за непосредна комуникација. Разговорите на непосредно ниво можат да ни‘ донесат полза во зголемувањето на меѓусебното разбирање“, изјави Антонио Милошоски.

Иво Вајгл, поранешен министер за надворешни работи на Словенија, беше дел од вчерашната дебата. Тој ја поздравува идејата за директни преговори како во хрватско-словенечкиот случај, но предупредува дека ризикот во овој модел е одолговлекувањето на крајното решение:

Griechenland neue Regierung George Papandreou in Athen

Новата грчка влада на Јоргос Папандреу, досега не покажала знаци дека во грчкиот став нешто ќе се помести, вели Јоргос Кумуцакос

„Се плашам од секаков пат кој одзема премногу време, во случајот на спорот со Хрватска и Словенија решението е сега одложено за неколку години. Тоа не е решение кое би и‘ го препорачал на Македонија. Македонија мора да го реши проблемот со Грција и тоа што поскоро“, оцени Вајгл.

Кумуцакос: За идентитет не се преговара, но за државјанство преговори се можни

На дебатата присуствуваа и бројни грчки пратеници. Еден од нив е поранешниот портпарол на грчкото министерство за надоврешни работи, Јоргос Кумуцакос. Тој за Дојче Веле го коментира прашањето за идентитетот. Според него, за такво нешто не може да се разговара, но не се исклучуваат преговори за државјанството на граѓаните на Република Македонија.

„Мој личен став е дека е многу тешко на преговарачката маса да се стави нешто за идентитетот бидејќи луѓето се чувствуваат како што сакаат, не можете да ги натерате да преговараат, но затоа се важни други аспекти. На пример, географските мапи со Голема Македонија мораат да престанат, затоа што со тоа испраќате погрешна и опасна порака до регионот. Значи, треба да преговараме за прашањето со името, на пример за државјанството. Ако имате држава Република Северна Македонија, компромисот би можел да биде ’граѓаните на Република Северна Македонија’“, вели Јоргос Кумуцакос.

Кумуцакос потсетува дека новата влада во Грција, иако се чини пофлексибилна, до сега не покажала дека ќе има поместување во грчкиот став за името во споредбата со претходната влада. Единственото прифатливо решение за Атина е име со географска одредница за целокупна употреба.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска