1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Директен судир на возови во Швајцарија

Едно лице загина во судир на возови во Швајцарија. Уште 35 лица се повредени. Властите истражуваат како дошло до директен судир на возовите кои се движеле на иста пруга. Постои сомнеж за непочитување на сигнализацијата.

Непочитувањето на светлосната сигнализација најверојатно е причина за
несреќата во која едно лице загина, а 35 други се повредени. Несреќата се случи синоќа при директен судар на два воза во швајцарскиот град Гранж-пре-Маран во кантонот Во, соопшти локалната полиција. Според полициски извори, загинатиот е машиновозачот на еден од возовите, чие безживотно тело е пронајдено во кабината на неговата локомотива.

„Приоритетна верзија е непочитувањето на светлосната сигнализација од
машиновозачот на возот кој доаѓал од Пајерн“, изјави денеска порпаролот на
полицијата во кантонот Во, Жан-Кристоф Сотерел.

Расчистувањето на пругата продолжува и денеска. Собраќајот на пругата меѓу градовите Палезијо и Пајерн, како што соопшти претставник на локалната противпожарна служба, ќе остане во прекин се до целосното отстранување на остатоците од двата воза.

Несреќата се случи синоќа во 19 часот кога два воза, кои се движеле во спротивни насоки, кон и од Лозана, се судриле дирекно еден во друг.