1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Директен судар на возови во Холандија

Над 120 лица се повредени во железничката несреќа што се случи во холандскиот град Амстердам. Причините за сударот на двата патнички воза се’ уште се непознати.

Најмалку 120 лица се повредени во директниот судар на два патнички воза во Амстердам, што се случи синоќа, соопшти полицијата.

Нема загинати, но од повредените 13 се наоѓаат во критична состојба, 44 се полесно повредени, додека 70 имаат лесни повреди, претежно скршеници или гребнатини.

Повредените биле транспортирани до болница со хеликоптер. Некои луѓе биле извадени од вагоните со помош на кранови.

Несреќата се случила кога меѓуградски воз директно се судрил со мал локален воз „спринтер“ на мостот меѓу станицата Слотердајк и централната железничка станица на Амстердам. Се’ уште не е јасно зошто двата воза се нашле на ист колосек. Поради несреќата синоќа (21.04) беше запрен сообраќајот меѓу Амстердам и меѓународниот аеродром во овој град - Схипол.