1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Директен контакт со ајатолахот Хамнеи?

Американскиот претседател Барак Обама, според информациите на весникот „Њујорк тајмс“, во рамките на неговата дипломатска офанзива, ја разгледува можноста и за директна комуникација со ајатолахот Хамнеи.

default

Ајатолахот Али Хамнеи, воздржано реагираше на понудата на Обама

Видео-пораката на американскиот претседател Барак Обама по повод иранската Нова година од петокот во која тој му понуди дијалог на Иран е дел од новата сеопфатна стратегија на САД кон Иран, пишува весникот „ Њујорк тајмс“. Притоа се размислува и за можна директна комуникација со верскиот лидер на исламската република, ајатолахот Хамнеи.

Ајатолахот Хамнеи воздржано реагираше на понудата на Обама, истакнувајќи дека најнапред е неопходна вистинска промена во американската политика.

Хамнеи: „ Што е всушност сменето?“

Во традиционалниот говор по повод иранската нова година, Хамнеи ја означи понудата на американскиот претседател како двосмислена.

Symbolbild Obama und die Waffenlobby

Барак Обама. Ќе успее ли неговата намера за нов почеток во односите со Иран?

„ Вие им посакувате се’ најдобро на Иранците за нивната Нова година, но истовремено Вие го обвинувате големиот ирански народ дека го поддржува тероризмот и дека се стреми кон нуклеарно вооружување. Велите: Ајде да преговараме и да започнеме нови односи. Говорите за промена во политиката. Но каде е тогаш оваа промена? Што е во суштина сменето?“, истакна Хамнеи. Тој уште порача дека исламската република нема да дозволи да биде вршен притисок врз неа и од САД побара убавите пораки да ги преточат во конкретни дела. „ Дали се промени вашето непројателство кон иранскиот народ? Во што може да се види тоа? Дали ги укинавте неправедните санкции кон Иран? Дали престанавте да го обвинувата иранскиот народ и неговото политичко раководство. Дали ја прекинавте безусловната поддршка за ционистичкиот режим? Што тогаш се промени?“, истакна Хамнеи.