1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Директен избор на турски претседател

Турскиот парламент на првото читање за измена на уставот се изјасни за тоа шефот на државата во иднина директно да биде биран од народот а не повеќе од парламентот. Освен ова треба да биде намален мандатот од сегашните 7 на 5 години. Пратениците целиот пакет измени на законот треба да го усвојат во рок од три дена. Иницијативата за директен избор на претседател потекнува од премиерот Реџеп Таип Ердоан и неговата конзервативна партија.

Кризата од последниве денови во Турција, предизвикана со кандидатурата на Абдула Ѓул за претседател и анулирањето на неговиот избор од страна на уставниот суд, не смее да се рефлектира врз преговорите за пристап во ЕУ, смета европскиот комесар за проширување Оли Рен.