1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Диполоматска офанзива за европскиот устав

Неколку денови пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел, германската канцеларка се сретна со најголемите критичари на европскиот устав.

default

Ангела Меркел и Мирек Тополанек во Месеберг

Претпладнево канцеларката Меркел во замокот Месеберг крај Берлин го прими чешкиот премиер Мирек Тополанек. Чешка имено на почетокот покажуваше симпатии кон полската позиција, договорениот пакет реформи одново да се разгледа за да се промени моделот за гласање во корист на помалите и средни по големина држави на Унијата. Но во меѓувреме Прага се откажува од оваа идеја и го поддржува предвидениот модел за гласање.

Ставовите остануваат непроменети

Вчера Ангела Меркел се сретна и со полскиот претседател Лех Качински. Портпарол на германската влада доцна синоќа само излјавил дека четиричасовната срдба во замокот Месеберг минала во добра атмосфера.

Lech Kaczynski in Deutschland

Качински на средба кај Меркел

На пат кон Варшава полскиот претседател Лех Качински на новинарите им изјави дека полските барања за ново редефинирање на начинот на гласање во ЕУ е непроменето.

„Во моментов двете страни остануваат на своите позиции, но убедени сме дека мора да бараме успешна формула за наредниот четврток и петок. Тоа е прашање на усогласување. По многу други прашања имаме исти позиции“ рече Лех Качински, кој на средбата со Меркел потенцирал и дека предложеното решение од полска страна веќе е компромис. Полска имено бара бројот на гласови кој го добива секоја европска држава во Европскиот совет да се определува според моделот: квадратен корен од бројот на населението на земјата.

Средбата со Јункер - лесен термин

Денеска попладне Меркел ги продолжува преговорите во Луксембург каде е планирана средба со премиерот на Жан Клод Јункер, што за канцеларката во споредба со другите средби е лесен термин. Имено Меркел со премиерот Јункер ќе ја разгледаат стратегијата за наредните денови. Јункер на минатите самити има одиграно клучна улога, а впрочем го подржува и ставот на канцеларката дека треба: „Да се преземе секој обид, сите да ги усогласат ставовите и никој да не тргне настрана.“ смета Меркел

За уставот дебатираат и министрите за надворешни работи

Luxemburg Stadt

Луксембург ги дочекува министрите за надворешни работи на ЕУ

Во Луксембург вечерва се среќаваат и европските министри за надворешни работи. На средбата ќе се обидат да ги надминат сите пречки за усвојување на наследникот на европскиот устав.

На самитот на ЕУ наредната недела во Брисел, германското претседателство има намера, да поднесе обврзувачки план за натамошниот тек за усвојување на поедноставена верзија на европскиот устав, за кој треба да се спогодат сите земји членки на Унијата.