1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дипломатско решение за Сирија е се’уште можно

Специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими оценува дека е можно да се најде излез за кризата во Сирија.

Политичко решение на конфликтот во Сирија е можно, сметаат владите на САД и Русија. Специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија Лахдар Брахими по вчерашната средба во Женева со замениците министри на двете земји изјави дека е постигната согласност оти се’ уште постои можност за пронаоѓање на политичко решение за кризата во земјата.

„Средбата беше конструктивна и се одржа во амтосфера на соработка. На неа беа разгледани начините за забрзување на мировниот процес и за мобилизирање на пошироки меѓународни дејствија во корист за политичко решавање на сириската криза“, изјави Брахими во соопштението по разговорите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно изјави дека експертската средба во Женева, која се водеше на ниво на заменици-министри за надворешни работи, е „плоден разговор на кој немаше поставување на услови или ултиматуми“. Лавров нагласи дека Русија не води никакви преговори за судбината на сирискиот претседател Башар ал Асад. Русија инаку се согласи на разговорите во Женева, доколку не бидат поставувани услови за оставка на сирискиот властодржец.

Во граѓанската војна во Сирија, според проценките досега се убиени околу 40.000 луѓе.