1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дипломатски индивидуални консултации

Македонскиот преговарачки тим во спорот за името со Грција, денеска во Њујорк се среќава на консултации со посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц.

default

Медијаторот Метју Нимиц

Денеска во Њујорк почнува нова рунда средби од коишто Грција и Македонија не очекуваат многу, но би можеле да разјаснат многу конкретни прашања што беа поставени во текот на последното патуавње на Нимиц во Атина и Скопје пред две недели.

Средбата со Нимиц на којашто ќе присуствуваат специјалниот македонски пратеник за името Никола Димитров и шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протуѓер ќе почне во 11 часот по американско време односно 17 часот по македонско време.

Дипломатските индивидуални консултации, како што се нарекува овој состанок, наместо како досега во канцелариите на Ницми или пак во зградата на ОН, ќе се оддржи во Мисијата на Република Македонија во близина на светската организација.

Македонската страна ќе настапи со усогласено решение дека нема да се прифати никакво решение кое би можело да има вклијание на македонскиот идентитет и дека Македонија и покрај се’ останува подготвена да ги продолжи преговорите со Грција со посредство на специјалниот посредник Метју Нимиц. Со тоа неформално македонската срана ги одби грчките медиумски провокации кои бараа двете земји да продолжат со директни преговори за името.

Се очекува македонската страна од Нимиц да побара да не подлегнува на грчките притисоци и во евентуалните наредни предлози да ги има во предвид спецификите на македонскиот идентитет, за кои и самиот медијатор во Атина рече дека има голема почит.

DW.COM