1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дипломатска победа на Србија

На Генералното собрание на ОН сепак ќе расправа за Косово. Србија е во мисија да убеди што поголем број земји дека прогласувањето на косовската независноста беше незаконско. Според експертите, Србија е секако добитник.

default

Генералното собрание на ОН е во тек

„Ова е голем и важна дипломатска победа, но далеку од тоа дека е и конечна. Вистинската победа ќе биде да го добиеме мнозинството во Генералното Собрание“, изјави шефот на српската дипломатија кој учествуваше на седницата на Генералниот комитет на ОН. Јеремиќ додаде дека предлогот на Србија на крајот е прифатен едногласно иако две, како што рече „исклучително влијателни земји“ биле против српската резолуција.

Тадиќ: ни претстои голема работа

И српскиот претседател Борис Тадиќ изрази задоволство што дипломатските напори на Србија вродиле успех.

Präsident Boris Tadic

Тадиќ е задоволен

„Јас верувам дека шансите на Србија за позитивно советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата се големи, по што ќе влеземе во една нова фаза на решавање на статусот на Косово и Метохија со која ќе се почитува меѓународното право и ќе се зголеми меѓународниот кредибилитет на Србија.“ Тој додаде и дека на делегацијата на Србија и претстои голема работа. „Ние треба во во Њујорк преку директни разговори да се обидеме да убедиме што е можно поголем број земји членки на ОН да ја поддржат резолуцијата на Србија“, рече Тадиќ.

Алтман:Србија секако добива

Германскиот експерт за Балканот, Франц Лотар Алтман смета дека резолуцијата на Србија има шанси да пројде на Генералното собрание на ОН.

Dr. rer. pol. Franz-Lothar Altmann

Франц Лотар Алтман, германски експерт за Балканот

„За тоа да се случи, доволно е за неа да гласа просто мнозинство, а тоа е достижно. Треба да имаме во предвид дека Србија немаше друг излез освен да постави вакво барање. Со тоа Србија во секој случај добива. Ако овој предмет дојде до Меѓународниот суд на правдата, па дури и ако судот прифати да го разгледува и одлучи во корист на Белград, тоа е единственото што ќе го добие Србија. Државите кои до тогаш го признале Косово, меѓу кои се и САД и дел од членките на ЕУ, сигурно нема да си ги повлечат одлуките. Сепак власта во Белград со тоа би добила поени на внатрешно политички план бидејќи ќе може да каже: еве ние сторивме се што можевме. Тоа истото може да го кажат и во случај на негативна одлука на судот.“

Но, расправата за Србија нема да може да пројде без да се споменат Јужна Осетија и Абхазија, смета Алтман.

„Јужна Осетија и Абхазија ќе бидат теми, најмалку поради залагањата на Русија за почитување на принципот на територијалниот интегритет, која потоа го стори сосем спротивното. Тоа значително ја наруши веродостојноста на руските ставови, а Москва беше најголемиот поддржувач на срспката иницијатива. Затоа е раздрман и официјален Белград, а можно е поради ова и многу земји да се воздржат од гласање.“