1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дипломатска иницијатива за надминување на конфликтот во појасот на Газа

Израел ја продолжи својата офанзива во појасот на Газа и покрај меѓународните напори за решавање на конфликтот. Европската делегација денеска (5.1.2009) на средби во Египет ќе се обиде да посредува во конфликтот.

default

Газа

Два дена по почетокот на копнената офанзива во појсот на Газа, израелската армија ги продолжува нападите врз цели на радикално-исламистичкиот Хамас. Со борбени авиони и тешка артилерија опколен е и градот Газа. Израелското радио утрово јави, дека во текот на ноќта биле нападнати 30 цели во појасот на Газа. Според радиото, Хамас засега не покажува знаци на слабост.

Во текот на викендот, во жестоки борби, израелските војници заземаа повеќе позиции од каде што претходно милитантните Палестинци ги лансираа ракетите кон израелска територија. Според изралески и палестински извори, вчера на копнените трупи им успеало и да го поделат северниот дел од појасот на Газа од градот Газа.

Копнената офанзива продолжува

Според палестински извори, од почетокот на копненаната офанзива убиени се 50 Палестинци, 200 се повредени. Еден ден откако израелската војска навлезе во појасот на Газа, според армиски извори загинал еден војник, а 31 се повредени. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави: „Копнената офанзива напредува според планот. Таа нема да биде лесна ниту едноставна. Акцијата ќе биде проширена и продлабочена, како што веќе реков, до таа мерка, колку што е неопходно,“ рече Барак.

Меѓународните дипломатски напори за запирање на воените дејства на Блискиот Исток

Чешкиот министер за надворешни работи Карел Швареценберг, по средба со неговиот египетски колега Абул Греид синоќа во Каиро рече дека највисок приортет имаат хуманитарната помош за населението во појасот на Газа како и напорите да се постигне примирје. Греид од своја страна нагласи дека разговорите со Европејците биле комплицирани.

Karl Fürst von Schwarzenberg

Чешкиот министер за надворешни работи ја предводи европската делегација

Шварценберг отпатува во Каиро заедно со министрите за надворешни работи на Франција и Шведска, Бернар Кушнер и Карл Билд, како и со комесарката за надворешни работи на ЕУ, Бенита Фереро Валднер, која уште еднаш подвлече, дека најважно е да се постигне примирје: „Апсолутно неопходно е да се прекине насилството од двете страни. Како ракетните напади од појасот на Газа така и копненаната офанзива и гранатирањата на Израел.“ рече Фереро Валднер.

Европската делегација денека во Шарм ел Шеик ќе се сретне со египетскиот претседател Хосни Мубарак. Во напорите за надминување на воениот конфликт се вклучи и францускиот претседател Никола Саркози. Тој исто така ќе се сретне со Мубарак, по што европската делегација ќе замине на разговори во Израел, Западниот брег и Јордан.

За денеска во Каиро е придвидена средба на европската делегација со претседателот на Палестинците Махмуд Абас. Повеќе арапски телевизии во меѓувреме објавија дека на разговори околу Газа, на покана на Египет патува и делегација на радикалано исламистичкиот Хамас. Средба на членови на делегацијата на Хамас со европските дипломати се смета повеќе за неверојатна.

DW.COM