1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Дипломатска битка за името во Њујорк

Ставот на Скопје на генералниот секретар на ОН, Мун му ги пренесе македонскиот претседател Црвенковски. Шефицата на грчката дипломатија, Бакојани разговараше со посредникот Нимиц. Може ли се нови предлог решенија?

default

Бранко Црвенковски

“Нема нов предлог за името”, порача од Њујорк специјалниот преговарач во грчко македонскиот спор, Метју Нимиц. Тој по средбата со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во изјави дека ниту во блиска иднина нема да има потреба од нови предлози, бидејќи се тие бесполезни. Во разговорот со Бакојани, Нимиц побарал - да се следи процесот онака како што е предвиден во ОН. Значи бара придржување до резолуциите на Советот за безбедност. Го повика Скопје да избегнува провокации, но побара и од Атина да ја почитува привремената спогодба - значи Грција да се дистанцира од закани за попречување на членството на Македонија во евроатлантските сојузи. И покрај ова, министерката Бакојани на средбата предупредила дека одолговлекување на процесот може да предизвика негативни последици, како и дека Грција како членка на НАТО и ЕУ ги има сите отворени можности, што значи дека е можно да го искористи и правото на вето врз членството на Македонија во овие сојузи.

Црвенковски:случајот е преседан Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на средбата со генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун бил категоричен:

“За името е направен преседан што не е направен за ниту една друга земја членка, но и покрај тоа Македонија ќе ги продолжи разговорите согласно резолуцијата на ОН, но водејќи сметка за своите национални и државни интереси истакна Црвенковски.

Според Црвенковски, станува збор за контрадикторна ситуација во којашто ОН како организација водат де факто спротивна политика од онаа што ја водат мнозинството членки, бидејќи 117 земји од ОН, ја признале Македонија под уставното име.

Генералниот секретар на Светската организација Мун се надева дека политичките тензии ќе попуштат и ќе биде создадена поволна ситуација за продолжување на разговорите со Грција, по завршувањето на парламентарните избори во земјата.

За време на посетата на Њујорк, македонскиот претседател треба да се сретне со специјалниот посредник во спорот, Метју Нимиц.