1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дипломатската активност продолжува-сликата за Македонија разнишана

Внатрешно-политичките препирки меѓу претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и владата најдоа одраз и во Њујорк. Навредливите пораки оставаат лоша слика за земјата во меѓународната јавност.

default

Поранешна средба на претседателот и медијаторот-за денеска во Њујорк е закажана нова меѓусебна средба

Претседателот на Македонија и владата имаат различна агенда на 63-то заседание на Генералното собрание на ОН. Препирките и меѓусебните обвинувања преку медиумите меѓу двете страни кулминираа вчера. Претседателот Црвенковски најави дека согласно со практиката, која е во сила во неколку последни наврати, кога Нимиц во Скопје има одделни средби со актерите во македонската кохабитација, со медијаторот ќе зборува во четири очи. Кругови блиски до кабинетот посочија дека Милошоски не искажал желба да биде дел од средбата.

Меѓународниот углед на земјата, сериозно разнишан со јавните навредливи пораки меѓу претседателот и премиерот, дополнително беше нарушен откако во соопштение за јавноста, министерот Милошоски откри дека тој всушност не бил пожелен на средбата на која Црвенковски сакал насамо да разговара со Нимиц. Во такви услови, кои дипломатски кругови на земји пријателски настроени кон Македонија ги нарекуваат несериозни, во Њујорк денес Црвенковски се среќава со медијаторот и помошникот државен секретар Даниел Фрид. Со Фрид воедно вчера вечер за името и косовското прашање разговараше и шефот на дипломатијата.

Средба на Црвенковски и Тадиќ

Вчера, веќе традиционално, претседателот се сретна и со српскиот претседател Борис Тадиќ, со кој овојпат разговорите течеле многу поформално. Тадиќ индиректно се заканил, дека доколку Македонија го признае Косово ќе се соочи со сериозни последици. Извори од српската делегација во Њујорк велат, дека најмалку што може Македонија да направи во овој момент е да го почека гласањето со кое ОН ќе одлучат, дали Меѓународниот суд во Хаг има надлежност да решава за косовската независнот. Процес што може да трае со месеци.

Црвенковски го известил српскиот колега дека признавањето на Косово е во надлежност на владата, која својата одлука ќе ја донесе согласно со националните и државните интереси. Сличен одговор Црвенковски му дал и на претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.

DW.COM