1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дипломати: ЕУ ќе му даде на ММФ 200 милијарди евра

Европејците имаат намера да му дадат на ММФ околу 200 милијарди евра, за да можат да се финансираат програмите во европските земји во криза, тврдат денеска (08.12) дипломати во Брисел.

default

Да му се даде на ММФ, за да даде на земјите во криза

Според извори на агенцијата ДПА, одлуката за ова треба да биде донесена до утре. Министрите за финансии на ЕУ му ветија на Меѓуанродниот монетарен фонд зајакнување уште на крајот на ноември. Парите би ги дале централните банки - две третини од централните банки на земјите од еврозоната и една третина од земјите кои го немаат еврото..

Инаку, пред почетокот на самитот на ЕУ за кризата со еврото, позициите на земјите членки околу можното менување на европските договори се уште пооддалечени отколку досега. Германија и Франција на средбата во Брисел

Schild Eurozone

сакаат да издејствуваат ограничено менување на европските договори, за во иднина поефикасно да може да се спречат високи државни долгови. Овој предлог, меѓутоа, наидува на неодобрување меѓу земјите членки, така што како алтернатива се предлага нов договор за 17-те земји кои го имаат еврото како валута. Претседателот на еврогрупата, Жан Клод Јункер, предупреди дека е подребно брзо и ограничено менување на договорите, за да се избегнат долгите процеси на ратификација. Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама постигнала договор за потесна соработка во надминувањето на должничката криза. Во меѓувреме, американската рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ го зголеми притисокот врз европската политика и се закани со намалување на кредитниот рејтинг на ЕУ. Агенцијата на почетокот на неделава најави дека надгледува повеќе евро држави, европскиот пакет за спас ЕФСФ и повеќе големи европски банки.

Автор: АТ/ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM