1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дипломати во визирот на британските агенти

Британската тајна служба ГЦХК, според извештај на магазинот „Шпигел“, следела системи за резервации во 350 хотели ширум светот, кои биле резервирани од дипломати и владини делегации.

Преку програмата наречена „Кралски портир“, која е класифицирана како врвна тајна, аналитичарите од ГЦХК на дневна основа се информирале за хотелските резервации, а преку тоа и за плановите за патување на дипломатите и делегациите. ГЦХК така се информирала во минатите повеќе од три години, но според магазинот „Шпигел“ не е јасно колку често оваа програма била користена.

„Целта на програмата е да го информира ГЦХК за времето на резервирање, градот и хотелот кој странскиот дипломат имал намера да го посети“, информира магазинот и додава дека на тој начин било можно „техничките акции“ да се случат пред пристигнувањето на дипломатот. Како што информира „Шпигел“, повикувајќи се на документи од Едвард Сноуден, автоматски се следеле владините адреси кои завршуваат со gov.xx (xx во примеров е даден како замена за интернет домејнот на одредени земји, н.з.)

Тоа вклучувало мониторинг на хотелската соба и на гостинот преку следење на телефонот и факсот, како и на компјутерите приклучени на хотелската мрежа, како и прислушување на дипломатот, на пример, во хотелскиот бар. ГЦХК не сака „ниту да ги потврди ниту да ги демантира“ наводите на „Шпигел“.

Програмата си имала и свое лого – пингвин, кој ги симболизира бело-црните униформи на хотелскиот персонал, кој носи круна, пурпурна наметка и држи стапче.