1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Дипломатија во движење„

Сојзуниот канцелар Ангела Меркел ја заврши официјалната посета на Кина. Во рамки на 38 часовниот престој таа во Пекинг разговараше со претседателот Ху Џинтао и премиерот Вен Џијабао, а го посети и Шангај. Меркел зборувше на форум за висока технологија а се сретна и со преставници на цивилното општество. Коментар на Матијас Фон Хајн

Ангела Меркел со градоначалникот на Шангај

Ангела Меркел со градоначалникот на Шангај

И по смената на владата во Берлин, новиот кабинет настојува да го задржи континуитетот во надворешната политика, тоа е една од законитостите на германското политичко живеење. И тоа посебно се однесува на Кина. Таа е најзначајниот економски партнер на Германија во Азија. Значаен актер на сите полиња во меѓународните односи, без разлика дали станува во спорот околу иранската или севернокорејската нуклеарна програма, реформата на ОН или судирит во Африка, како оној во Судан.

Во тие рамки се одвиваа и разговорите на Ангела Меркел во Пекинг, со тоа што таа стави нови акценти. Пред 11 години, тогашниот германски канцелар Хелмут Кол посети касарна на кинеската армија и тоа токму единицата која учествуваше во задушување на демократското движење во 1989 година.

Претходникот на Меркел, Герхард Шредер, се залагаше за укинување на ембаргото на ЕУ за извоз на оружје во Кина и за продажба на нуклеарната постројка во германскиот град Ханау на Пекинг.

Ангела Меркел упати нешто поинаква порака и не ги одбегна ниту најкомпликуваните теми како што се човековите права. Таа решително ги бранеше економските интереси на Германија и го критикуваше крадењето на интелектуалната сопственост, што во Кина е нормална работа. Конечно, таа не разговараше само со раководството на земјата, туку и со преставниците на граѓанското општество, оние кои се на најниско ниво: селаните и работниците мигранти.

Меркел всушност планираше да ја посети Кина дури на есен. Меѓутоа на тамошните власти тоа им беше предоцна, посебно што германскиот канцелар веќе и посети суперсилите САД и Русија. На крај дојде до оваа блиц посета која траеше 38 часови и за чие времетраење Меркел, по желба на кинезите, го посети и Шангај. За трезвениот стил на Ангела Меркел сведочи и фактот дека не се задоволи само со разгледување на облакодерите и возење со магнетната трансрапид железница, туку ги сослуша и оние врз чиј грб се гради кинеското економско чудо.