1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Дипломатијата се активираше околу решавање на спорот со името

Преговорите за името продолжуваат на 1 ноември во Њујорк. Посредникот Метју Нимиц посакува наскоро да се дојде до резултат. Каква е преговарачката позиција на Македонија?

default

Метју Нимиц и Срѓан Керим на неодамнешната средба во ОН во Њујорк

НАТО процесот е важен и би бил голем придонес ако прашањето на името се затвори пред членството, вели Метју Нимиц:

“Не мислам дека е корисно да кажам што ќе се случи, но состанокот е од доверлив карактер и потоа веројатно ќе дадам и сугестии“, изјави Нимиц за телевизијата Канал 5. Тој веројатно ќе прими нов предлог од Грција. Се шпекулира дека предлогот би гласел – Нова Македонија. Тоа би била трета формула. Првите две одделно ги отфрлуваа прво Атина, а потоа и Скопје.

Борбата за уставното име е обврска

Претседателот Бранко Црвенковски, се обиде непосредно пред парламентарните избори да ја анимира домашната јавност за една комплицирана формула – кирилично читање на англиски јазик на името Република Македонија. Но, во секој случај, не ја доби поддршката на тогашната опозициска ВМРО ДПМНЕ. Внимателниот опозициски лидер, Никола Груевски, денеска од позиција на премиер вели: “Наше право и должност, и обврска како влада и мене како премиер ни е да се бориме за задржување на нашето уставно име Република Македонија, името што го посакува целиот народ во Република Македонија. Тоа е наша задача, наша обврска и во тој правец ќе се стремат и сите наши напори, независно дали ќе се интензивираат или ќе се забават или што и да се случи.“

Нервоза не е потребна

Грчките офанзиви не треба да не‘ нервираат, на Македонија во овој момент и‘ е неопходна кохабитација меѓу институциите, изјави лидерот на македонските социјалдемократи, Радмила Шеќеринска во Битола: “Ние можеби почесто од власта бараме од земјите членки на ЕУ што е можно побргу Македонија да добие датум за преговори. Ние како одговорна опозиција немаме алтернатива. Заедно со сите добронамерни, патриотски партии ќе застанеме зад нашата дипломатија и зад одбрана на уставното име“, рече Шеќеринска.