1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Диоксинот ги стави на маки земјоделците

Комисијата за заштита на потрошувачите на германскиот Бундестаг денеска на вонредна седница ќе расправа за скандалот со диоксин во земјата. Се очекуваат предлози за да се спречи диоксинот да стигнува до добиточната храна

default

Диоксинот до фармите стигнал преку добиточната храна

Според предлозите на министерката за земјоделство Илзе Ајгнер, меѓу другото, во иднина би требало да се заострат условите за добивање дозвола за производство на добиточна храна. Освен тоа, би требало строго да се оддели производството на масти за храна и на масти за индустријата.

Две недели откако во Германија беше утврдено постоење диоксин во добиточната храна, поголемиот дел од фармите повторно почнаа да работат. Портпаролот на министерството за земјоделство, Холгер Ајхеле, зборува за „значително мали димензии на сомневање за диоксин“. Тој не дава конечно зелено светло за работа, но вели:

„Ќе дадеме зелено светло кога на маса ќе ги имаме сите резултати и сите проби за други видови животни.“

Земјоделците- недолжни жртви на скандалот

Својата работа, првично, мораа да ја запрат околу 4.700 фарми, поради тоа што фирмата „Харлс и Јенч“ од покраината Шлезвиг Холштајн им лиферувала околу три илјади тони масти за производство на добиточна храна во кои имало диоксин. Властите утврдија зголемени количества диоксин пред се‘ во јајцата и кај кокошките несилки. Министерката за земјоделство Илзе Ајгнер, вчера, на средба со претставници на земјоделството, на организациите за заштита на потрошувачите и индустријата за храна, рече дека скандалот ќе има последици:

„Целата работа е скандал поради тоа што потрошувачите кои веруваат во безбедноста на прехранбените намирници се измамени и поради тоа што сериозни земјоделци и претпријатија од прехранбената индустрија сега се недолжни жртви на злоупотреба.“

Aigner sieht Risiken bei Kamera Drohnen

Министерката за земјоделство Илзе Ајгнер

Европската комисија вчера (10.01) соопшти дека забраните за увоз на јајца и месо од Германија се претерани, поради тоа што присуството на диоксин во производите не претставува „непосредна опасност“. Јужна Кореја е единствената земја досега која го стопираше увозот на германско свинско месо. Русија ги заостри контролите за увоз на германско пилешко и свинско месо.

Автор: Бернд Греслер/Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски