1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Димовски: Македонија ги почитува препораките на Светска банка

Македонија има и произведува доволно храна, но мора рационално да ги користи природните ресурси и да води сметка за последиците од климатските промени, изјави македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски.

default

Македонија произведува доволно храна, вели Димовски

Македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по завршувањето на Самитот на министрите за земјоделство во Берлин, рече дека последиците од климатските промени веќе се чувствуваат, но дека се работи на нивно ублажување.

„Ги почитуваме сите препораки на Светска банка, домашните и странските експерти. Интензивно разговараме и за заштитата на водата. Во овој сегмент мора да бидеме многу внимателни зашто не можеме да се пофалиме дека сме богати со природни водни ресурси. Сепак, ако домаќински, ефикасно ги експлоатираме, можеме да обезбедиме квалитетно наводнување за земјоделските површини“, истакна синоќа (21.01) Димовски.

На самитот во Берлин учествуваа министри за земјоделство од преку 70 земји. Во неколкучасовната дебата тие изнесоа поразителни бројки - речиси една милијарда луѓе се хронично гладни и ситуацијата допрва ќе се усложнува зашто популацијата се зголемува, а ресурсите стануваат се’ поограничени. Крајно време е, порачаа министрите, да се преземат конретни чекори за надминување на гладта и сиромаштијата во светот. Решението е во развивањето одржливо земјоделство.

Mädchen isst Reis

Речиси една милијарда луѓе се хронично гладни

„Проблемот го знаеме, приоритетите се утврдени, ја имаме и потребната технологија. Останува декларативните заложби да ги замениме со сериозно дејствување“, апелираа министрите.

Во Коминикето што го усвоија како финален документ меѓу другото стои дека земјоделството е клучен сектор за создавање т.н. зелена економија. Употребата на почвата и водата мора да биде ефикасна, богатите земји не смеат да ги игнорираат послабо развиените, туку таму треба да насочат што повеќе инвестиции, а неопходно е и микрофинансирање, обезбедување финансиска поддршка за малите фармери.

Македонија, како мала земја, нема големо влијание во решавањето на глобалниот проблем со недостигот од храна, но преку присуството на големи, значајни настани, може да добие информации за генералната аграрна политика, пред се’ на ЕУ. Тоа, како што нагласи Димовски, е многу битно за земјата, бидејќи е зацртан патот што мора да се изоди до полноправно членство во Унијата.

Димовски претходно, во рамки на Глобалниот форум за храна, имаше средба и со домаќинот, германската сојузна министерка за земјоделство Илзе Ајгнер. На средбата стана збор за влез на германски инвестиции во македонското земјоделство и за формирање македонско-германски агросовет.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: А. Методијев

Поврзана содржина