Димитров: Ќе нѐ биде... и покрај Иванов | Македонија | DW | 13.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Димитров: Ќе нѐ биде... и покрај Иванов

Шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за Дојче веле по скандалозниот состанок кај претседателот Ѓорге Иванов вели дека никој нема право да го спречува изборот на граѓаните.

Одлуката на претседателот Иванов да ја прекине денешната средба со премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров на која требаше да биде информиран за содржината на договорот со Грција, според министерот Димитров нема да го спречи изнаоѓањето решение за спорот.

„Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност. Дадовме сѐ од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор. Без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор. Никој нема право да одлучува во името на граѓаните.
Ќе не биде... и покрај Иванов“, вели Димитров за ДВ.

Mazedonien Skopje - Ministerpräsident Zoran Zaev und der Außenminister Nikola Dimitrov treffen den mazedonischen Präsidenten Gorge Ivanov (Mazedonien Präsidialamt)

Од денешниот кус состанок меѓу Иванов, Заев и Димитров

Утринскиот состанокот меѓу Заев, Димитров и Иванов за постигнатиот договор со Грција во спорот за името, траел само две минути, како што соопшти кабинетот на претседателот.
Од Владата велат дека Иванов одбил да ги сослуша Заев и Димитров и дека го напуштил состанокот. Иванов воопшто не сакал да разговара со Заев и Димитров и само побарал да ја остават писмената верзија на договорот и си заминал.

DW.COM