1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Димитров: потребна е надпартиска платформа

Пред доаѓањето на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц во Скопје и Атина, македонскиот преговарач, амбасадорот Никола Димитров порача дека за успех на преговорите на Македонија и е потребна надпартиска платформа.

default

Нимиц се очекува во Скопје

Медијаторот Метју Нимиц во Скопје и Атина не доаѓа со нови предлози. Неговата мисија е главно концентрирана кон тестирање на власта во Скопје и на партиите дали има подготвеност да продолжи дијалогот со Грција и покрај изборната треска во Македонија.

По повеќемесечен молк, амбасадорот преговарач од Македонија, Никола Димитров, преку телевизиски настапи порача дека на Македонија и треба рамковен договор за преговорите со Грција во зачувување на националниот идентитет, дека е потребна надпартиска платформа.Доколку нема подготвеност за надминување на разликите со Грција, политичарите ќе треба на граѓаните да им понудат алтернатива за иднината на Македонија во која нема да има место за НАТО или за ЕУ.

Нема компромиси за идентитетот

Амбасадорот Димитров , кој покрај тоа што е преговарач, е и советник на премиерот Никола Груевски. се одважи и на лични проценки.

Димитров истакна дека не може да се кажува дека е можно и зачувување на името и членство во НАТО. Лекцијата од самитот во Букурешт е дека Македонија не може во НАТО и во ЕУ без да го реши проблемот со Грција. Сите лидери и политичари треба да се обидат, да си го постават рамото во вакви моменти. Димитров беше категоричен дека идентитетот и етничката определеност на Македонците не можат да бидат предмет на компромиси. Ако Грција инсистира на тоа, тогаш битката треба да се води поинаку, на поширок меѓународен план. Со сличен став излезе и владиниот портпарол. Тој изјави дека името Македонија е оставштина на предците, во тој смисол ова е национално прашање за Македонија.