1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Димитров: „Македонските позиции се јасни“

Македонскиот државен врв му дал прецизни инструкции на амбасадорот во преговорите за името, Никола Димитров, за наредната средба во Њујорк, во вторник. Детали не се соопштени.

default

Од претходните средби во Скопје на државниот врв со медијаторот Нимиц (фотоархива)

Македонските позиции околу името, според македонскиот амбасадор во преговорите за името, Никола Димитров, се јасни, а аргументите издржани. По средбата со претседателот, Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, Димитров изјави дека на средбата за името во Њујорк, што треба да се одржи во вторник, тој оди со прецизни инструкции. Во Охрид, претходно, македонскиот претседател, Црвенковски, рече дека вреди да се размисли доколку се изнајде формулација која ќе биде користена за меѓународна употреба, а различна од уставното име на Македонија, но во исто време формулација која нема да го загрозува националниот идентитет. Македонија треба да постигне разумен компромис во преговорите што се водат, соопшти Црвенковски отфрлајќи ги обвинувањата дека тој со неговиот став ја нарушува преговарачката позиција на Македонија, зашто „земјата е во финалната фаза на преговорите, а не на нивниот почеток“. Македонскиот премиер, Никола Груевски, пак, останува на ставот дека Македонија не треба да го менува уставното име за меѓународна употреба и дека треба да остане на понудата за двојна формула.

Лидерот на Новата социјалдемократска партија на Македонија, Тито Петковски, изјави дека поддржува компромис во спорот за името, доколку е тоа гаранција за евроатлантско интегрирање на земјата. „Доколку компромисот е цената што треба да ја платиме околу проблемот што со нашето уставно име го има Грција, тогаш таков компромис едноставно треба да направиме, не доведувајќи го во прашање нашиот идентитет“, изјави Петковски во обраќањето на првиот конгрес на НСДП.