1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Димитров и Василакис на нова средба со Нимиц

Специјалниот пратеник во грчко - македонските преговори Метју Нимиц најави нова средба со преговарачите Никола Димитров и Адаманитос Василакис на 12 јуни во Њујорк.

default

Метју Нимиц со Никола Димитров и Адамантиус Василакис на поранешна срдба

По подолга пауза во Њујорк продолжуваат преговорите за решавање на спорото околу името. Метју Нимиц, специјалниот посредник на ОН во грчко -македонските преговори за името, според најавите на 12 јуни во Њујорк треба да се сретне со преговарачите на двете земји, Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Од канцеларијата на Нимиц потврдија дека средбата ќе се одржи во седиштето на светската организација.

По парламентарните избори во Македонија ова ќе биде прва средба на Нимиц со преговарачите на двете земји. Според најавите додека не се формира нова македонска влада, не се очекуваат некакви промени ниту пак компромис во однос на решавање на спорот со името.