1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

70 години Втора светска војна

Димитар Мирчев, универзитетски професор, политиколог и поранешен амбасадор

Што ме поврзува со Дојче веле? Многу, многу!

Повеќе пати давав изјави или кратки проценки за Радиото ДВ за состојбите во Македонија. Крајно коректно и професионално се пренесуваа. Утринските емисии преку Македонското радио, кои за жал се прекинати, ми означуваа почеток на инфо-комуникацискиот ден. Беа вистина еден спој на вести и информации од Германија и светот, но и објективни информации од Македонија; заедно со многу културни, спортски, хуманитарни, духовни, па дури и семејни настани и судбини, за кои барем кај нас не сме информирани или свесни. Бидејќи тие емисии беа во „ударно време" на Македонското радио, верувам дека големо мноштво на слушатели кај нас ги следеа и уживаа во нив.

Сега главно ги следам вечерните ТВ програми на ДВ, на англиски. Исто како и ЦНН и ББЦ. Емисиите на ДВ не се така глобални, спектакуларни и сензационални како другите програми и канали. Меѓутоа, умерени се, објективни, неселективни, непристрасни, ми ја приближуваат Германија како медиумско и пријателско подрачје и извор на знаења, информација и разбирање на светот. Проценувам дека многу влијаат на гледачите. Дојче Веле бездруго го вредувам на листата на големите германски културни комуникатори и поврзувачи на светот, како што се институтите Гете, Макс Планк, Хердер, Конрад Аденауер и други.