1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Димас: Решението е во рацете на господин Груевски

Потпретседателот на Нова демократија го повикува македонскиот премиер Никола Груевски да се фокусира на преговорите наместо да ја обвинува Грција.

default

Сакаме да ја видиме соседната земја како се движи кон ЕУ и НАТО, изјави потпретседателот на Нова демократија, Ставрос Димас во интервју за весникот „Катимерини“.
Во врска со грчко-македонскиот спор за името на Македонија, Димас рече дека грчката страна е подготвена и го поддржува преговарачкиот процес под покровителство на Обединетите нации.

„Во рацете на господинот Груевски е брзо да најде решение. Наместо да бара или да прави изговори за да ја обвинува Грција, подобро е да се фокусира на преговорите за да се постигне решение кое ќе биде од полза за двете страни“, изјави Димас.