1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДИК сеуште разгледува приговори по изборите

Во 115 места парламентарните избори во Македонија од 1 јуни се поништени и ќе има прегласување идната недела. Конечната бројка на колку и на кои места изборите ќе бидат повторени сеуште не е позната.

default

На некои места повторно ќе се гласа

Државната изборна комисија сеуште заседава по приговорите на политичките партии.

Најмногу избирачки места на кои гласањето е поништено има во Тетово, Гостивар, Липково Чаир и Арачиново. ДИК сеуште не открива колку пратенички мандати се доведени во прашање, но според досегашниот обем може да се очекува да бидат поништени околу половина од мандатите што ги освоија партиите од албанскиот политички корпус. Во меѓувреме и останати институции се огласија со оценка за изборите од аспкет на сопствените надлежности.

Голем број партиски вработувања

Државната комисија за спречување на корупција обелодени дека на овие избори е недозволиво голем бројот на партиски вработувања. Тоа е незаконски вели претседателката на комисијата, Мирјана Димовска и наведува дека се предупредени локалната и централната власт и сите кои располагаат со државни средства, фондови и јавни добра.

Како известувале медиумите

Советот за радиодифузија објави резултати од мониторингот за тоа како медумите известувале за изборите и во предизборната кампања.

Неизбалансираност е констатирана кај државната телевизија, која издвоила многу повеќе време за владеачката коалција во македонскиот, а и за владеачката партија во албанскиот политички блок. Пристрасно информирале и други национални телевизии и медиуми.

Повтореното гласање е предвидено да се одржи на 15 јуни. Тогаш изборите мора да бидат беспрекорни за Македонија да го поправи впечатокот и да добие преодна оценка од меѓународната заедница на испитот по демократија. Тоа е едиднствена шанса земјата да продолжи по патот на евроиинтеграциите.