1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДИК повика на гласање

Државната изборна комисија (ДИК) ги повика македонските граѓани во што поголем број да излезат и слободно да гласаат на предвремените парламентарни избори.

default

„ДИК ги повикува сите граѓани и гласачи во што е можно поголем број, слободно, масовно и мирно да излезат утре на гласачките места и слободно да го дадат својот глас за оној за кој самите ќе одлучат. Кај ниеден гласач не треба да постои никаков страв. Гласањето е тајно и тајноста на гласањето е гарантирана. Гласачот од никого не може да биде откриен за кого гласал, ниту, пак, треба да биде прашан за кого гласал, а исто така никој не може да биде земен на одговорност за гласот што го дал“, рече претседателот на ДИК Борис Кондарко на денешната (04.06) прес-конференција.

Тој нагласи дека во интерес на демократски и фер избори никој не смее да биде принудуван како да го даде својот глас, дали воопшто да излезе на гласање, ниту да биде заплашуван за тоа како и за кого ќе гласа.

„Слободното и тајно гласање, неповредливоста на определувањето на слободната волја на секој граѓанин е битно за сите нас, за Република Македонија, за заедничката иднина на државата и одговорноста е заедничка на сите. Во таа насока, интересот за мирни, слободни и демократски избори е врвен приоритет и на ДИК и на целата наша држава“, рече Кондарко.

Тој предупреди дека кривичните санкции за какви било изборни неправилности и манипулации, злоупотреби и нерегуларности, се многу строги и високи.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска