1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ДИК- Одзивот на референдумот до 10 часот-4,3 насто

Според неофицијалните податоци на Државната изборна комисија - До 10 часот утрината , 4,3 насто од граѓаните на Македонија со право на глас излегле на референдумот за територијалната организација на општините во земјата .

Според невладината организација Мост пак одзивот на граѓаните на референдумот во првите четири часови значи од 7 кога беа отворени изборните места па до 10 часот е помал и изнесува 3,4 проценти .

Колку за илустрација на претходните претседателски избори во пролетта годинава за првите три часа тогаш гласале 6,7 насто. Од општините кои се издвојуваат со одзив поголем од просечниот на ниво на државата што значи околу 5 насто се Струга Кичево Охрид и Прилеп.

Во Тетово Куманово Гостивар и скопската општина Центар кои имаат мешан етнички состав одзивот на изборачите е нешто над 2 проценти ; Каклтеристично е дека во Дебар досега излегле само 17 граѓани или 0,1 насто од граѓаните запишани во избирачкиот список.

Одзив на граѓаните на главниот град Скопје е истотака над просекот на државно ниво и изнесува меѓу 5 и 6 насто .

Во ДИК штотуку соопштија оти засега нема проблеми во одвивањето на референдумот и дека освен извесни задоцнувања во десетина изборни места, гласањето се одвива без проблеми.

Инаку право да се изјаснат на референдумот имаат Над Еден милион и 700 избирачи. Референдумот го иницираше Светскиот македонски конгрес а го организира ДИК. Референдумот го набљудуаат околу 11.000 претсавници на Светскиот македонски конгрес невладината органзиација мост а меѓу нив и 200 експерти и дипломати на ОБСЕ Соеветот на Евроспа САД и ЕУ. Гласањето ќе заврши во 19 часот и до полноќ би требало да се знаат резулатите од референумот. За да биде успешен неоходен е одзив од најмалку 855 илјади гласачи од кои половината би биле за сариот закон од 96 година.