1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДИК: Обработени 82,60 проценти од избирачките места

Според 82,60% од обработените податоци на Државната изборна комисија (ДИК) ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред останатите политички партии.

default

Од обработените податоци од гласањето во 2.488 избирачки места, односно 82,60 проценти од вкупниот број избирачки места, според првичните неофицијални информации на Државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори води коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 331.028 гласови, зад неа е СДСМ со 273.267 гласа, ДУИ има 87.801, ДПА 45.392, Национална демократска преродба 22.302, ВМРО-НП 21.518, Обединети за Македонија 12.616 гласови, Нова демократија 15.264, ЛДП 11.621.

На видео-бимот поставен во Прес-центарот на ДИК во Клубот на пратениците и на веб-страницата на Комисијата постојано се ажурираат податоците во согласност со резултатите што пристигнуваат од избирачките места.

Според најавите од ДИК, се очекува да се одржи прес конференцијата на која претседателот на Комисијата треба да го соопшти одзивот на гласачите и првичните неофицијални резултати од денешното гласање на предвремените парламетарни избори во Македонија и во дијаспората.

Автор: АТ/ миа