1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДИК: Обработени 57,10 проценти од избирачките места

Според 57,10% од обработените податоци на Државната изборна комисија (ДИК) ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред останатите политички партии.

default

Од обработените податоци од гласањето во1.720 избирачки места, односно 57,10 проценти од вкупниот број избирачки места, според првичните неофицијални информации на Државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори води коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 199.857 гласови, зад неа е СДСМ со 160.565 гласа, ДУИ има 52.348, ДПА 24.069, Национална демократска преродба 12.800, ВМРО-НП 12.804, Обединети за Македонија 7.645 гласови, Нова демократија 9.109.

На видео-бимот поставен во Прес-центарот на ДИК во Клубот на пратениците и на веб-страницата на Комисијата постојано се ажурираат податоците во согласност со резултатите што пристигнуваат од избирачките места.

Се’ уште нема најава кога ќе се одржи првата прес-конференција на ДИК по затворањето на избирачките места во 19 часот. Се очекува претседателот на ДИК Борис Кондарко да ги соопшти првичните информации за излезноста на граѓаните и првичните неофицијални резултати од податоците што ги добива Комисијата.

Автор: АТ/ миа

DW.COM