1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДИК: Излезноста до 13 часот - речиси 35 отсто

Според податоците пристигнати од 2861 избирачко места (96,14 отсто), до 13 часот правото на глас го искористиле 554.883 лица или 34,87 отсто од вкупното гласачко тело, соопшти Државната Изборна Комисија.

Најголема излезност е регистрирана во општина Вевчани - 60,52 отсто, во Кичево 52, 64 отсто, во Ранковце 51,30 отсто, во Демир Капија 51,28 отсто и во Македонска Каменица 49,88 отсто. Најмала е излезноста во општините Босилово 21,04 отсто и во Маврово 21, 12 отсто.

За локалните избори се поднесени 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. Најголем број кандидати за градоначалници има во Градот Скопје - девет, додека по двајца кандидати има во Кичево, Пласница и Центар Жупа. Најмногу кандидатски листи за советници има поднесено во Македонски Брод - 20 со 220 кандидати за советници, а најголем број кандидати за советници има во Градот Скопје - 405 каде има поднесено девет кандидатски листи за советници.

Изборите се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје. Во Единствениот избирачки список се запишани 1.743.403 граѓани, кои гласаат на 2.976 гласачки места.