1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДИК: До 10 часот гласале 12,49 отсто од граѓаните

До 10 часот во Република Македонија гласале вкупно 204.783 граѓани, односно 12,49 отсто од вкупниот број гласачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

„Вкупно 204.783 или 12,49 проценти од граѓаните во земјава излегле да гласаат до 10 часот. Процесот на избирање се одвива во нормални услови и нема регистрирани инциденти. Во 7 часот сите избирачки места се отворени, освен во Гостиварско, поради одрон на патот. Не се отворени уште две избирачки места во Чашка и Петровец, но поради немање гласачи", рече портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Билјана Јовановска.

Според податоците на ДИК, во Скопје до 10 часот излегле да гласаат 47.497 гласачи или 10, 75 проценти. Во Гази Баба до 10 часот гласале 9,75 отсто од гласачите, во Ѓорче Петров 11,30 отсто, во Карпош 12 отсто од гласачите.

ДИК најголема излезност регистрирала во Кратово, каде што до 10 часот излегле да гласаат 22,89 отсто граѓани. Најмал процент на излезност е забележан во општина Боговиње, каде што до 10 часот гласале само 6,5 отсто од граѓаните. Во Кичево гласале 20,89 отсто од избирачите, а во Крушево - 18,22 проценти.