1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ победи во Скопје и 54 општини, ДУИ во 11, СДСМ во 7

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори освои најмногу гласови, ДУИ победи во 11, ДПА, Српската напредна партија во Македонија, НДП, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една.

Резултатите се добиени од обработените податоци од 97,48 отсто од вкупниот број избирачки места. Одзивот од гласањето е 67,0,6 отсто.

Според резултатите од ДИК, во Аеродром најмногу од гласовите 63,28 отсто освоил кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски со 63,22 отсто пред Диме Велковски од коалцијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ со 31,85 проценти.

Во Берово кандидатот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџиски освоил 49,69 отсто, а на СДСМ Ѕвонко Пекески 49,51.

Во Богданци Зоран Прочков од СДСМ 50,08, а Анастасија Олумчева 44,16. Во Босилово најмногу гласови освоил Љупчо Колев од ВМРО-ДПМНЕ 53,22, а Жанко Зимбаков од СДСМ 45,59.

Во Бутел Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ 49,88, а Коста Начевски од СДСМ 23,88, во Василево Ванчо Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ 62,93, а Васил Коцев од СДСМ 35, 92; во Велес Аце Коцевски од СДСМ - 50,74, а Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ 47,43.

Најмногу гласови во Врапчиште добил Бајрам Кадрија од ДУИ 36,75, Исен Шабани од ДПА 33,35 и Јусуф Хасани од коалицијата ДПТ-НДП 27,34.

Во Гевгелија Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ 56,26, а Саве Марачков од СДСМ 41,72, во Градско најмногу гласови освои Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ

51,98, додека Љупчо Иванов од СДСМ 46,74, во Дебрца Љупчо Којчиноски од СДСМ 49,71, а Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ 47,86. 

Најмногу гласови во Демир Капија доби Трајче Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ 69,23, а Зоран Мишев од СДСМ 28,08.

Во Дојран победи Борче Стамов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,80 отсто од гласовите, а Никола Ајцев освои 41,82 отсто од гласовите.

Во Ѓорче Петров Сокол Митровски од ВМРО-ДПМНЕ 49,04, а Александар Наумовски од СДСМ 46,44.

Најмногу гласови во Зелениково освои Веле Груевски од ВМРО-ДПМНЕ

53,04, а Томе Ангелковски од СДСМ 14,70, во Илинден Жика Стојановски од ВМРО- ДПМНЕ 69,93, а Миле Велиновски од СДСМ 26,81.

Во Кавадарци Александар Панов од -ВМРО-ДПМНЕ 48,24, а Бетијане Китев 28,31.

Во скопската општина Карпош Стевчо Јакимоски од Српската напредна партија доби 47,14, Андреј Петров 26,34 и Јагнула Куновска од ВМРО-ДПМНЕ 25,85 отсто од гласовите.

Во Кичево Датмир Дехари од ДУИ освои 52,32 отсто од гласовите, а Благоја Деспотовски 47,68, во Кочани Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ 50,78, а Миле Андонов од СДСМ 47,79, во Крива Паланка Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ 53,10, а Горанчо Младеновски од СДСМ 43,81, во Крушево Ѓорѓи Дамчески од ВМРО-ДПМНЕ 55,86, а Ташула Јуца од СДСМ 39,05. Во Липково Садула Дураку од ДУИ освои 51,70, а Муртезан Идризи од ДПА 45,14, во Маврово-Ростуше Мукрем Мемеди од ВМРО-ДПМНЕ 52,27 отсто од гласовите, а Самир Ајдини од СДСМ 29,47.

Најмногу гласови во Македонски Брод освои Милосим Војневски од ВМРО-ДПМНЕ 65,99, а Анета Симеска - Димовска од СДСМ 31,79, во Неготино Ванчо Апостолов од ВМРО-ДПМНЕ 57,97, а Силвана Филипоа од СДСМ 35,49, во Ново Село Блажо Велковски од ВМРО-ДПМНЕ 51,55, а Петар Спасов од СДСМ 45,26, во Петровец Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ со 70,50, а Перо Арсовски 26,67, во Пласница Исмаил Јахоски од ДУИ 56,23, а Енвер Саитоски од ДПТ 43,77, во Пробиштип Тони Тоневски од ВМРО- ДПМНЕ 75,27, а Славчо Николов од СДСМ 22,29, во Ранковце Момчило Алексовски од СДСМ 56,67, а Орце Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 42,83, во Росоман Стојанче  Лазов од ВМРО-ДПМНЕ 55,57, а Гоце Величковски од Народно движење за Македонија 28,08, во Свети Николе Зоран Тасев од ВМРО-ДПМНЕ 63,32, а Кире Алексов од СДСМ 24,69,

во Старо Нагоричане Милован Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ 43,94, а Власте Димковиќ од Српската напредна партија 28,21.

Во Струмица најмногу гласови освои Зоран Заев од СДСМ со 52,51 отсто од гласовите, а Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ 46,95, во Теарце Рухан Илази од ДПА 42,63, а Исен Асани од ДУИ 42,57.

Во скопската општина Центар Андреј Жерновски од СДСМ освои 51,46 отсто од гласовите, а Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПНЕ 46,52, во Чаир Изет Меџити од ДУИ 53,05, а Мухамед Тачи од ДПА 18,63, во Чешиново-Облешево Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ 40,09, Горанчо Крстев од СДСМ 29,19.

Најмногу гласови во Штип освои Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ 61,30, Ратко Коцев од СДСМ 37,45, во Арачиново Рахим Ајваз од ДУИ 44,53, а Бастри Бајрами, независен кандидат 41,49.

Во Битола Владимир Талевски од ВМРО-ДПМНЕ 51,32, а Менде Динески од СДСМ 41, во Боговиње Хазби Идризи од ДУИ 52,94, Бурхаб Изаири од ДПА 42,54, во Брвеница

Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ 35,75, а Енвер Пајазити од ДУИ 21,53, во Валандово Николче Чурлиновски од ВМРО-ДПМНЕ 62,08, Тихомир Шумков од СДСМ 35,11, во Вевчани Цветомир Угриновски од ВМРО-ДПМНЕ 66,31, а Сашо Јанковски од СДСМ 16,93, во Виница Емил Дончев од ВМРО-ДПМНЕ 63, а Венцо Воинов од СДСМ 35,32.

Најмногу гласови во Гази Баба освои Тони Трајковски од ВМРО-ДПНЕ 60,03, а Борче Стефановски од СДСМ 26,61, во Гостивар Руфи Османи од НДП 37,08, Невзат Бејта од ДУИ 35,26, Дебар Ружди Јата од ДУИ 71,84, а независниот кандидат Ибрахим Колари 14,59, во Делчево Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ 51,68, а Голупчо Ангелов од СДСМ 45,06, во Демир Хисар Љупчо Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ 57,51, Драган Јовановски од СДСМ 41,66, во Долнени Боше Милошески од ВМРО-ДПМНЕ 30,04, Абдула Бајрами од ДУИ 26,51, во Желино Фатмир Изаири од ДУИ 53,76, Јатиф Арифи од ДПА 42,28, во Зрновци Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ 66,39, а Ванчо Митев од СДСМ 31,61.

Најмногу гласови во Јагуновце освои Дарко Блажевски од СДСМ 37,62, а Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ 31,83, во Карбинци Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ 32,31, а Ристе Бањеглав од СДСМ 26,17.

Во скопската општина Кисела Вода победи Билјана Беличанец Алексиќ од ВМРО-ДПМНЕ 63,20, а Љупчо Васовски од СДСМ 32,67, во Конче Благој Јанев од ВМРО-ДПМНЕ 59,52, а Благој Илиев од НДМ 28,55, во Кратово Мите Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ 64,92, а Зоран Митевски од СДСМ 32,58, во Кривогаштани Тони Затковски од ВМРО- ДПМНЕ 59,54, а Владо Божиновски од СДСМ 32,35.

Во Куманово Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 38,25, а Зоран Дамјановски од СДСМ 35,60, во Лозово Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ 35,09, а Ацо Велковски од СДСМ 29,25, во Македонска Каменица Дарко Митевски од ВМРО-ДПМНЕ 68,78, а Стојан Ефремов од СДСМ 29,99, во Могила Стево Пирковски, независен кандидат 42,94, а Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ 41,52, во Новаци Лазе Котевски од ВМРО-ДПМНЕ 82,08, а Менде Талевски од СДСМ 15,59.

Најмногу гласови во Охрид освои Никола Бакрачески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 59,50, а Александар Петрески од СДСМ 37,53, во Пехчево Игор Поповски од ВМРО- ДПМНЕ 65,38, Драган Тренчовски од СДСМ 33,77, во Прилеп Марјан Ристески од ВМРО- ДПМНЕ 69,76, а Хари Локвенец од СДСМ 39,38, во Радовиш Сашо Николов од ВМРО- ДПМНЕ 60,68, Игор Милев од СДСМ 38,39, во Ресен Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ 48,80, а Димитар Бузлевски, независен кандидат 28,24.

Во Сарај Беким Мурати од ДУИ освои 54,24, а Азби Нуредини од ДПА 38,90, во Студеничани Фатмир Исени од ДУИ 44,14, Азем Садику од ДПА 36,76, Тетово Теута Арифи од ДУИ 39,98 и Сади Беџети од ДПА 32,80 проценти, во Сопиште Стевче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ 57,05 и Љупчо Мицковски од СДСМ 31,42.

Најмногу гласови во Струга освои Владимир Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ 41,11, Зијадин Села 32,37, во Центар Жупа Аријан Ибраим од ДПТ 51,78, а Мазлум Хасан независен кандидат 48,22, во Чашка Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ 62,18, а Дејан Андоновски, независен кандидат 28,16, во Чучер-Сандево Јован Пејковски, независен кандидат 63,29, а Воислав Кираџиќ од НДМ 36,35 и во Шуто Оризари Елвис Бајрам од Сојуз на Ромите 59,64, а Неџдет Мустафа од Обединети демократски сили на Ромите 33,83.

Во Градот Скопје се преброени гласовите од 90,11 отсто од гласачките места. Одѕивот е 63,77 отсто. Најмногу гласови освои Коце Трајановски 49,41 отсто, Јани Макрадули 28,81 отсто од гласовите, а Артан Груби 12,35 отсто.