1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Диктатори со западни дипломи

Без оглед дали се работи за Ким Јонг Ун, Башар ал-Асад или Пол Пот, голем број диктатори студирале во демократските земји низ Европа. Но притоа, не успеале да ги преземат демократските вредности.

Момчето од Северна Кореја беше мирно и тивко, не упаѓаше в очи. Германскиот јазик не му лежеше. Најчесто го забележувале облечен во тренерки „Најки“. На другите ученици им изгледал чудно. Неговото име за сите во училиштето било Ун Пак, а официјално се претставувал како син на севернокорејски дипломат вработен во амбасадата. Во елитното швајцарско училиште Либфелд Штајнхолцл, во близина на Берн, дошол во 1997 година и се запишал во шесто одделение.

Жоао Микаело со него заедно одел на училиште и бил еден од ретките негови училишни другари. Еден ден, како што Микаело му раскажа на новинар од весникот „Тагесанцајгер“, Ун Пак му ја признал својата тајна: „Јас всушност не сум син на дипломат, јас сум син на претседателот“. За да му го докаже тоа, неговиот млад пријател му покажал заедничка фотографија со тогашниот севернокорејски претседател Ким Јонг Ил.

Nordkorea Kim Jong-un Plenarsitzung in Pyongyang

Ким Јонг Ун

Но Микаело не му верувал, сметал дека се работи за обична фалба. Во меѓувреме е сигурен, неговиот некогашен другар денес е диктаторот Ким Јонг Ун. Официјална потврда од севернокорејска страна секако нема. Но нема ни дилема: проверувајќи ги овие наводи швајцарскиот весник Зонтагсцајтунг нарачал споредба на фотографијата од антропологот Раул Перо со актуелните фотографии на претседателот на Северна Кореја. Резултатот: 95-процентна сличност. „За мене нема сомнеж. Ученикот Ун Пак е Ким Јонг Ун“, изјави Перо.

Дизниленд и тоталитаризам

Во швајцарското училиште тој останал до 2001 година, а потоа исчезнал без трага. Кога се појавија првите информации дека претседателот на Северна Кореја се школувал во Швајцарија, многумина се надеваа дека годините минати на Запад позитивно ќе се одразат врз неговите демократски уверувања. Но засега ништо од тоа не се гледа. За волја на вистината Ким Јонг Ун сака забавни паркови од типот на Дизниленд, но уште повеќе ужива во својата моќ. И истата сака да ја сочува по секоја цена.

Günter Meyer, Leiter des Zentrums für Forschung zur arabischen Welt an der Johannes-Gutenberg-Universität Mainz

Гинтер Мејер

„Синовите на диктаторите“, вели политологот Гинтер Мејер, „не доаѓаат на Запад за да се научат на демократија, туку за да се стекнат со добро образование и да го видат животот на тука“. По завршувањето на школувањето тие се враќаат во старите структури. „Тие се дел од систем на моќ од кој не можат да побегнат. Оној што ќе попушти пред демократските тенденции и ќе го преземе тој систем на вредности го загрозува не само својот удел во моќта, туку и целиот свој клан“, вели Мејер.

Кланот поважен од вредностите

Ким Јонг Ун не е осамен пример. И сирискиот диктатор Башар Ал Асад дел од својата младост мина во странство. Година и пол тој студираше медицина во Лондон. Кога ја презеде власта во Дамаск, набљудувачите се надеваа дека тој ќе биде отворен за реформи. „На него се гледаше како на либерален владетел кој ќе промовира демократија. Но тој набрзо увиде дека, поради односот на силите во неговиот клан од една страна, но и поради притисоците од тајните служби, тој не може да излезе од постојните структури без да се загрози себеси и целиот клан Асад“, вели Мејер. На крај, Асад продолжи да ја спроведува авторитарната политика на неговиот татко Хафиз.

Надежите дека преку образование на синовите на диктаторите на елитните западни училишта може да дојде до некој вид „извоз на демократија“ досега не се покажаа точни. На пример, синот на либискиот диктатор Моамер Гадафи, Саиф Ал Ислам на Лондонската школа за економија ја бранеше докторската дисертација под наслов: „Улогата на цивилното општество во демократизацијата на глобалните институции“. Тоа звучеше охрабрувачки. Но кога во Либија требаше да се брани моќта на неговиот татко и на кланот Гадафи, Саиф Ал

Gaddafi-Sohn Saif al-Islam wird nicht nach Den Haag ausgeliefert

Синот на Гадафи, Саиф ал-Ислам

Ислам заборави на демократските принципи. Од 2011 година тој е во затвор, а Меѓународниот суд бара негово испорачување поради сомневање за сторени воени злосторства.

Масовниот убиец од Сорбона

Дека студирањето во Европа не води кон хумано и демократско владеење, покажа и примерот на камбоџанскиот диктатор Пол Пот. Овој масовен убиец и студент на престижната француска Сорбона, по преземањето на власта предводеше тоталитарен систем во кој беа убиени два милиони луѓе.

Сепак, школувањето на младите диктатори на Запад не е без никаква трага. Тоа понекогаш е добро за економската соработка.

„Тука се воспоставуваат врски и познанства, а од тоа потоа сите профитираат. Тоа е многу добро и за германското стопанство, пред се’ кога станува збор за поделба на бизниси и договорање нови зделки“, вели Мејер.

За позитивен пример, политикологот го зема искуството со Арапската пролет. Според него, голем број од младите кои ги предводеа револуциите студирале во Европа и тоа оставило печат на нивното сфаќање на демократијата и нужноста од демократски поредок во општеството.