1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Дизни“ ја презема „Војна на ѕвездите“

„Дизни“ за четири милијарди долари го купи „Лукасфилм“, студиото кое го создаде филмскиот бренд „Војна на ѕвездите.“ Гигантот за забава најави дека планира во 2015. да го реализира седмото продолжение од серијалот

Филмската компанија „Дизни“ објави дека ќе го купи „Лукасфилм“, реновираното филмско студио на Џорџ Лукас, што ги реализира серијата филмови „Војна на ѕвездите“, и вети дека ќе направи повеќе нови филмови од легендарната научно-фантастична серија.

„Војна на ѕвездите 7“ ќе биде реализиран во 2015. „Очекуваме сагата ’Војна на ѕвездите‘ да продолжи со повеќе играни филмови, како и пораст на тој бренд во иднина“, вели Роберт Игар, извршен директор на „Дизни“. „Трансакцијата здружува портфолио со содржини од светска класа, вклучително и ’Војна на ѕвездите‘ - еден од најголемите брендови за семејна забава на сите времиња, со уникатната и неспоредлива креативност на ’Дизни‘.“

Договорот е проценет на 4,05 милијарди долари (3,1 милијарди евра), врз основа на актуелните вредности на берзата. „Дизни“ наводно околу половина од цената ја платил во готово, а остатокот со издавање на околу 40 милиони акции.

Disney kauft Lucasfilm Ltd.

Директорот на Дизни, Роберт А. Ајгер и Џорџ Лукас

„Лукасфилм“ е во целосна сопственост на 68-годишниот Џорџ Лукас.

„Едно од моите најголеми задоволства во изминатите 35 години беше да гледам како ’Војна на ѕвездите‘ преминува од една генерација на друга“, изјави Лукас. „Сега е време да им ја препуштам ’Војна на ѕвездите‘ на новите генерации на филмаџии.“

Брендот „Војна на ѕвездите“ е еден од најуспешните во холивудската историја. Од појавувањето на првиот филм во 1977, серијата има заработено севкупно околу 4,4 милијарди долари.

„Дизни“ претходно ги купи и „Марвел ентертејнмент“ за 4 милијарди долари во 2009 и „Анимациските студија Пиксар“ за 7,6 милијарди долари во 2006 година.