1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дизајнерска мода за невести

Клаудија Шнабел во своето модно ателје во Вирцбург изработува венчаници по желба на невестата. За рачно изработен фустан на дизајнерката и‘ требаат над 40 работни часа.

default

За свадба Германците во просек трошат 10 илјади евра, во што влегува и венчаницата. Франци Шуберт од Вирцбург ќе прави свадба в лето и не сака да штеди многу при купувањето венчаница:

„Горната граница за мене лично се 2 илјади евра. Над тоа веќе е проблематично. Но, да се даде до 2 илјади евра за најубавиот ден во животот, мислам апсолутно вреди“.

Дизајнерката Клаудија Шнабел шие венчаници според индивидуални желби:

„Речиси секоја купувачка која доаѓа има некоја посебна желба. Дали сака да танцува или да се вози во приколка на мотоцикл или друго. Некоја посебна боја или должина или своја посебна претстава за венчаницата, тоа секогаш е случај“.

Овде луѓето доцна склучуваат брак - жените со 30, а мажите со 33 години. Вработените парови можат да платат повеќе за својата свадба. А невестата го планира секој детал за својот голем ден.

„Доаѓаат со своите чевли, со долната облека, со хулахопките. Тие сакаат вистинско комплетно советување, за фризурата, за цвеќето, што одговара со тоа. Не само шиењето, се работи за навистина целосен пакет кој содржи многу повеќе“, вели Шнабел.

Самостојната дизајнерка е специјализирана за муштерии со посебни барања. Нејзините венчаници се шиени на рака. До завршувањето, на еден фустан таа работи околу 40 часа.

„Ако тоа се пресмета, со овие 40 часа само за работното време се стигнува до 2 илјади евра. Кон тоа доаѓаат материјалите и останатото. Навистина, во принцип не може да се смета на дизајнерска плата“.

Франци Шуберт избра модел од свила и француска чипка. Цената е 1600 евра.

„Ми се допаѓа. Мислам дека тоа е тоа. Најважното кај свадбата е човек да е задоволен од себе. Тогаш тоа зрачи нанадвор. Многу убаво“.