1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Дигитални трендови на „Фотокина"

Келн повторно е домаќин на „Фотокина“ светски најголемиот саем за фото техника. Годинава главен тренд се малите дигитални фотоапарати со огромен број функции кои се лесни за управување.

default

Пред да заминете го посетите овогодинешниот саем „Фотокина“, немојте да заборавите со себе да понесете фото апарат. Само така ќе можете да си заминете од манифестацијата со многу впечатоци и во својот дом на мира да ги разгледате најновите хитови и развојот на дигиталната фото технологија. На пример уште на самиот влез во втората хала, изложени се прозводите на „Рефлекта“ фирма од југот на Германија, која произведува дигитални рамки за слика.

Impressionen Photokina 2008 in Köln

Импресии од “Фотокина“

Портпаролот на фирмата, Тимо Баслер објаснува: „Се работи за дигитална рамка која има интегриран термо печатар, со чија помош е можно веднаш да се испечатат фотографии со големина 10 на 15. Едноставно кога ќе ви се допадне посебно некоја слика или галерија и сакате да ја имате на хартија, тогаш притискате на едно копче и добивате фотографија со одличен квалитет.“

Една хала подолу е изложен најновиот хит на фирмата Олимпус, кој ќе предизвика насмевка кај фотографите и нивните модели. Станува збор за камера со вграден систем за препознавање на ликот.

Портпаролот Нил Хојслер ги објаснува неговите функции: „Камерата има интегрирана база на податоци со илјадници фотографии. Кога некое лице е во фокусот тој прави анализа на лицето и кога на пример тј ќе се насмее и ќе ги покаже своите заби, апаратот прави три едноподруго фотографии.“

Понудата е огромна

На Фотокина се присутни 1500 фирми од 49 земји. Двесте од нив за прв пат се во Келн. Трендовите со кои тие се претставени се движат од обични и релативно евтини дигитални камери, со различна големина на пиксели, до високо комплексни професионални камери. Некои од нив на пример се со вграден систем за навигација, или со можност за размена на податоци со компјутери. Системот за навигација овозможува, дополнително на само еден метар да се одреди местото на кое е направена фотографијата. Изложени се исто така и различни производи кои овозможуваат да се врши креативна преработка на фотографиите.

Браншата смета на пораст на профитот

Здружението на фотоиндустријата смета на натамошен пораст на профитот, пред се од продажбата на фото апарати. Претседателот

BdT Photokina Köln 2008

Наддимензионален објектив

на здружението, Рајнер Шмит вели: „На германскиот пазар се наоѓаат околу девет милиони дигитални камери. Споредено со најдобрите години од ерата на аналогните фотографии, тоа е речиси двојно повеќе. Очекуваме натамошен пораст. Пазарот исто така е добар и за таканаречените индивидуални фото албуми. Дигитални фото рамки, чија продажба е во пораст од над 100%. Аналогната фотографија речиси и да изумира. На пазарот во моментов се присутни околу 25 милиони филмови“

Најновите трендови од Фотокина, веќе од наредниот месец ќе можат да се најдат во продажба. Саемот трае до недела, до кога е отворен за посетителите и вљубениците во фотографијата.