1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дигиталните проектори во освојувачки поход

Филмските ленти наскоро ќе можат да се видат само во музеј - киното во Германија се дигитализира. За помалите кина тоа е прескапо и’ им се заканува згаснување. Да се избегне ова, би требало да добијат финансиска помош.

default

„Пол“, филм за аристократско семејство на Балтичкото море во 1914 година - типично дело за програмата во „Интернционал“ во Берлин. Но, Гаутиер Заплотни рачно мора да постави само уште неколку аналогни копии: „Како човек кој стои покрај проекторот, мислам дека е штета, имено контактот со аналогните филмови, со полиестерот, со филмските копии е нешто особено за нас. Да се намести филмот, да се дотера филмот во вистинскиот формат. Сега со дигиталните работи, тоа е како компјутер.“

Пред една година, шефот на Јорк групата, кон која припаѓа и киното „Интернационал“, донесе одлука да инвестира најмалку 100.000 евра во дигитален проектор, со оглед на многуте популарни приредби кои се одржуваат во оваа куќа. „За нашите други традиционални куќи, каде ги нема овие дополнителни можности како овде во киното ’Интернационал’, тоа нема да биде можно со тековните примања“.

Symbolbild Kino Filmrolle

Затоа Кристијан Бројер ја поздравува иницијатива за државна помош при дигитализирањето. Иако претпоставува дека кината за неколку години повторно ќе мора да инвестираат, поинаку отколку кај аналогната техника. „Еден ваков проектор, ако добро се чува и одржува, трае повеќе децении. Нема човек, тоа впрочем го знае секој кој има компјутер, што може да смета на тоа дека дигитален проектор ќе трае со децении.“

Дигитализацијата е неизбежна

Раководителката на бордот за поддршка на филмот за покраините Берлин и Бранденбург, Кирстен Нихус, не може

Kino International Berlin Flash-Galerie

Киното „Интернационал“ во Берлин

да разбере зошто некои кина се’ уште се противат на дигитализацијата: „Програмските кина, кои го велат ова, можат и поинаку да кажат: сакаме да го затвориме киното за три години. Овие изјави се идентични. Во иднина ќе се лиферуваат само дигитални копии. Никој не знае точно дали тоа ќе се случи за три, четири или пет години. Но јас велам дека во догледно време ќе биде неопходно, кината да може да примаат дигитални податоци, кои потоа ќе може да ги пројецираат на филмското платно.“

Некои програмски кина се’ уште се надеваат дека големите филмски куќи ќе пружат финансиска помош за дигитализацијата. Дотогаш, манифестациите како „Берлин гоус Киц“ ќе треба да се’ погрижат, публиката да му остане верна на киното.

Автор: Алекса Мајер/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски